Антонели преагресивен во обидот да стане наследник на Хамилтон во Мерцедес (Видео)

Младиот италијански пилот Андреа Кими Антонели дебитираше во Формула 1 на слободниот тренинг на „Монца“, и тоа во болидот на Мерцедес, но дебито му траеше само десетина минути бидејќи со голема брзина на кривината Параболика се заби во ѕид.

Антонели има само 18 години и ја загуби контролата, а за среќа, ни болидот не беше премногу уништен, ни младиот пилот не беше повреден. Тој му се извини на тимот за грешката, а доби поддршка од шефот Тото Волф.

Антонели е главен претендент да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес, кој по оваа сезона се сели во Ферари.

- Оглас -

Најнови вести