Антонио Конте повеќе не е тренер на Тотенхем!

Фудбалскиот клуб Тотенхем вечерва го смени тренерот Антонио Конте. Италијанскиот стратег и лондонскиот клуб постигнаа взаемен договор за прекинување на соработката.

Уште пред некое време се најавуваше заминување на Конте од англискиот тим, а тоа вечерва и официјално се оствари. Кристијан Стелини кој досега беше помошник на Конте, ќе го предводи тимот во наредниот период.

„Имаме уште 10 кола до крајот и борба за место кое води во Лигата на шампиони. Мораме сите заедно да се бориме. Сите мора да се подобриме, за да го постигнеме најдобриот можен резултат за нашиот клуб и нашите неверојатни навивачи“, рече првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви.

Конте дојде во Тотенхем во ноември 2021 година со цел да донесе трофеј во витрините на лондонскиот клуб, но не успеа во тоа. Екипата моментално е на четвртото место во Премиер лигата  со 49 бодови, два повеќе од петтопласираниот Њукасл, кој има и два меча помалку.

- Оглас -

Најнови вести