Арапите подготвуваат офанзива на Европа, четворица фудбалери се блиску до потпис со Ал-Итихад

Клубовите од Саудиска Арабија воопшто не беа активни од почетокот на преодниот рок, но се чини дека тоа беше само затишје пред бура додека трае Европското првенство. На првенството во Германија треба да се одигра уште финалето, а веќе се појавуваат првите информации за можниот „бум“ на арапските клубови на трансфер пазарот.

Дури четворица фудбалери се пред потпис со Ал-Итихад и следната сезона ќе му прават друштво на Карим Бензема на Арапскиот полуостров. Првиот од нив е бразилецот Маркињос од ПСЖ, а уште еден бразилец е пред портите на Ал-Итихад, Касемиро, кој го завршува својот престој во Манчестер јунајтед.

Уште еден фудбалер од Премиер лигата е интересен за Ал-Итихад, а се работи за Муса Диаби од Астон вила. Четвртиот фудбалер кој треба да потпише за клубот од Саудиска Арабија е членот на Рома, Хусем Ауар.

Според информациите, четворицата имаат милионски понуди кои тешко се одбиваат и понуди кои никаде на друго место не би можеле да ги добијат.

- Оглас -

Најнови вести