Поранешната ѕвезда на Атлетико Мадрид и сегашен член на Истанбул Басакшехир, Арда Туран, ќе треба да одлежи затворска казна од две години, осум месеци и 15 дена поради нападот врз турскиот пејач Беркај Шахин кој се случи во октомври минатата година.
Судот во Истанбул денес му ја изрече казната, Туран беше гонет за физички напад, употреба на огнено оружје без дозвола, но избегна прекршок за сексуален напад.
Скандалот во кој се најде поранешниот фудбалер на Атлетико и Барселона е поради сопругата на пејачот Шахин. Туран бил во алкохолизирана состојба кога се случил инцидентот пред една дискотека во Истанбул, по што Шахин претрпе скршеници на носот. Обвинителите претходно форсираа Туран да добие затворска казна од 12 и пол години.