Аргентина без Меси не може да ја прекине мексиканската серија

Еквадор – Боливија (пријателски меч, 02 часот)

Ова е дуел на две селекции што се во криза и убава можност да се победи за да се тргне напред. Еквадор го победи Перу пред четири дена и ја прекина серијата од 7 меча без триумф, а Боливија сè уште е во негативен тренд со 10 натпревари без победа.

Еквадор има многу подобар рејтинг во Јужна Америка и повеќе успеси во меѓусебните дуели со Боливијците, а интересно е дека гостувањата кај овие две селекции во континенталните натпреварувања се најнепосакувани поради надморската височина на Кито и Ла Паз.

Ноќеска ќе се игра во Куенка, повторно на надморска височина од над 2 500 метри, но двете селекции се навикнати на поразредениот воздух, па нема да имаат проблеми да се прилагодат.

Еквадор е фаворит, успеа да ја прекине црната серија од 7 меча без победа и ќе типуваме дека повторно ќе слави ноќеска, во меч со голови на двете страни.

Предлог тип: 1&ГГ (4.00)

 

САД – Уругвај (пријателски меч, 02 часот)

Американците беа комплетно надиграни и убедливо победени од Мексико во Њу Џерси пред три дена, а сега повторно ги чека пријателски меч со подоброрангирана и реномирана селекција, каква што е таа на Уругвај.

Популарните Уруси ја победија Костарика и имаат 8 меча во низа без пораз, ако се смета регуларниот дел. Болен беше поразот од Перу во четврт-финалето на Копа Америка на пенали, но сега течат подготовките за нови квалификации за Мундијалот во 2022 година и за новото издание на јужноамериканскиот континент.

Американците ќе бидат хендикепирани ноќеска во Сент Луис бидејќи им дадоа зелено светло на шестмина репрезентативци да се вратат во клубовите. Ќе ги нема првата ѕвезда Кристијан Пулишиќ, потоа и Зак Стефен, Алфредо Моралес, Џон Брукс, Шон Џонсон и Вестон Мекини, што ќе биде голем минус во дуелот со Уругвајците.

Оскар Табарес почна да ја подмладува селекцијата на Уругвај, но квалитетот на Нандес, Бентанкур, Тореира, Валверде, Весино, Макси Гомес, Стуани….. најавува победа на гостите.

Предлог тип: 2&ГГ (4.65)

 

Колумбија – Венецуела (пријателски меч, 02 часот)

И овој меч ќе се игра во САД, во Тампа, а кај двете селекции нема отсутни и повредени по пријателските мечеви шрто ги одиграа со Бразил, односно Аргентина.

Колумбијците се непоразени на 7 меча, ако не се смета поразот од Чиле на Копа Америка на пенали во четврт-финалето. Одиграа одличен меч против шампионот на Јужна Америка, Бразил, пред три дена во Мајами, а тој меч заврши нерешено, 2:2.

Колумбијците испаднаа на Копа Америка на чуден начин, без примен гол, откако на пенали ги елиминира Чиле. Играат во одлична форма и се фаворити против Венецуела.

Колумбијците имаат и многу подобар биланс од следниот ривал, имаат и поквалитетен состав и ќе типуваме „единица“.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

Аргентина – Мексико (пријателски меч, 04 часот)

Мексико има одличен состав и бележи одлични резултати под команда на Аргентинецот Тата Мартино и има серија од 11 меча без пораз. Но, против Аргентинците немаат многу успех, тоа е една од најнезгодните репрезентации за популарните „Ел Три“, или триколори.

На последните 10 меѓусебни дуели со Гаучосите, Максико нема победа, а и последниот пораз пред сегашната серија од 11 меча без неуспех им е токму од Аргентина.

Ќе се игра на „Аламо Дом“ во Сан Антонио, Тексас, што може да се смета и за голема предност за Мексиканците бидејќи ги има во голем број во оваа американска држава, а и границата е блиску.

Како што веќе се знае, Лионел Меси воопшто не е на американската турнеа со Аргентина поради повреда. Ги нема и Анхел ди Марија и Серхио Кун Агуеро, па повторно, како и против Чиле пред четири дена, се очекува Пауло Дибала и Лаутаро Мартинес да бидат тандем во нападот од кој се очекуваат голови. Против Чиле не успеаја да ја затресат мрежата, а мечот заврши нерешено, па и против Мексико очекуваме тврд меч без многу голови.

Предлог тип: Х2&0-3 гола (1.88)

 

Бразил – Перу (пријателски меч, 05 часот)

Репризата од финалето на Копа Америка ноќеска ќе се игра во малку поинаков и попријатен амбиент за Перу. Кариоките го декласираа овој ривал двапати на последното издание на шампионатот на Јужна Америка. Во фазата по групи славеа со 5:0 во Сао Пауло, а потоа во финалето во мечот за титулата победија со 3:1 на легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

И сега се фаворити во Лос Анџелес против ривал со кого имаат многу подобар биланс и 6-1 во победи на последните 7 меча.

Нејмар се врати во составот на Бразилците по летната сага со трансферот, што патем и не беше реализиран, па тој останува во ПСЖ и пак игра добро за националниот тим. Беше стрелец против Колумбија пред три дена, а се очекува пак да биде главна закана и за голот на Перуанците.

Нејмар не играше на Копа Америка, но сега прави камбек и се очекува повторно да биде на препознатливо ниво во офанзивата заедно со Ришарлисон, Кутињо и Фирмино.

Перу неочекувано загуби од Еквадор, па ќе се обиде да го изненади Бразил. Очекуваме ефикасен меч и голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.22)

 

- Оглас -

Најнови вести