Аргентина и Нигерија не можат една без друга на СП

Се чини дека националните тимови на Аргентина и Нигерија се судбински поврзани кога станува збор за нивно заедничко учество на Светско првенство во фудбал или кошарка. Случајно или не, од 1994 година наваму, „гаучосите“ и „орлите“ секогаш играат едни против други на планетарните првенства во двата најпопуларни тимски спортови.

Годинава ќе има СП во кошарка, кое ќе се одржи во Кина, а на денешната ждрепка, Аргентина како еден од противниците во својата група Б, ја доби Нигерија.

Серијата меѓусебни дуели почна во 1994 година, на фудбалскиот Мундијал во 1994 година, кога за Аргентина настапи и Диего Марадона. Потоа играат едни против други и во 2002, 2010, 2014 и 2018 година. Само во 1998 се избегнаа. Во финалиња на фудбалските турнири на олимписки игри, се сретнаа во 1996 и 2008 година.

Што се однесува до кошарката, Аргентина и Нигерија се сретнаа во 1998, во 2002, а ќе играат и годинава, како и на ланското СП за жени, додека на ОИ играле во 2012 и 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести