Аргентина не е само Меси: Лео има пет финалиња на Копа Америка, а ниту еден гол или асистенција!

Капитенот, ѕвезда и прва виолина на аргентинската фудбалска репрезентација,  Лионел Меси, стана најтрофеен фудбалер во историјата откако по втор пат ја освои Копа Америка и сега има 45 трофеи, еден повеќе од Дани Алвес.

Меси реди победи и титули, иако на Копа Америка тој се нема прославено, барем не во финалните дуели.

Иако играл пет финалиња на првенството на Јужна Америка (првите три ги губеше, а последните две ги доби), Меси на тие финални средби немал ниту гол ниту асистенција. Синоќа против Колумбија поради повреда беше заменет во 66-тата минута, а радоста на Аргентинците им ја донесе Лаутаро Мартинес.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести