Црногорските медиуми најавуваат дека аргентинскиот фудбалер Факундо Аранда ќе потпише за скопскиот Вардар. Веста уште не е официјална, но добро упатени извори велат дека работата е завршена и Аранда ќе го носи црвено-црниот дрес на најтрофејниот македонски клуб.
Вардар добива нов главен спонзор, со што ќе пораснат и амбициите на клубот кој минатата сезона се мачеше околу опстанокот.
Аранда доаѓа од клубот Језеро, а последниот настап за тој тим го имаше на 30 мај, во финалето на Купот на Црна Гора. За Језеро одигра 31 меч, со придонес од 4 гола и две асистенции.
Вардар деновиве ќе промовира неколку нови играчи од Македонија и странство, а очигледно и Аранда ќе биде во таа група на принови во тимот.