Само два дена откако Вардар го подигна шампионскиот трофеј за најдобриот тим во Прва лига, вечерва го промовираше новиот тренер, Кристијан Фабијани. Аргентинскиот стратег доаѓа на местото на Гоце Седлоски, кој ја исполни мисијата, а тоа е да Вардар да биде првак на Македонија.
Преку социјалните мрежи од Вардар откриваат дека Фабијани е „болен по тактика“ и дека ветува многу напаѓачка игра. За тоа дека Фабијани ќе биде нов тренер на Вардар беше јасно претходно, затоа што тој пристигна во Македонија пред неколку месеци и се адаптираше на новата средина.
Според објавите на Вардар останува тајна на колкав период е постигнат договорот со аргентинскиот стратег кој ќе има предизвик во следната сезона да го оддржи Вардар на шампионскиот трон.

