Аргентинскиот селектор како младинец со еврогол го елиминираше Бразил (Видео)

На Светското првенство за младинци во 1997 година во Малезија, во четвртфиналето се сретнаа Бразил и Аргентина, а славеа гаучосите со 2-0, и едниот гол беше дело на Лионел Скалони, актуелниот селектор на сениорскиот аргентински национален тим кој во полуфиналето на Копа Америка игра со домашниот Бразил.

Иако пред 22 години, главни млади ѕвезди во Аргентина беа Хуан Роман Рикелме и Пабло Аимар, головите во тоа четвртфинале ги дадоа Скалони и Мартин Переслиндо. Особено убав беше погодокот на Скалони, кој им го отвори патот до триумфот. На тоа СП за играчи до 20 години, Аргентина стана светски првак.

Погледнете ги најинтересните моменти од тој меч и голот на Скалони:

 

- Оглас -

Најнови вести