Конате се договорил со Реал, но трансферот ќе се реализира само ако Флорентино Перес победи на изборите

Ибрахима Конате е многу блиску до трансфер во Реал Мадрид, но според шпанските медиуми, реализацијата на договорот зависи од тоа дали Флорентино Перес ќе остане претседател на клубот и по претстојните избори.

Според информациите, Перес веќе постигнал договор со францускиот дефанзивец и практично ги договорил сите детали околу неговото доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, конечната потврда на трансферот ќе зависи од исходот на претседателските избори во клубот.

Конате неодамна го напушти Ливерпул како слободен играч по истекот на договорот. Иако за неговите услуги интерес покажале неколку европски великани, Реал Мадрид во моментов се смета за главен фаворит за неговиот потпис.

Доколку Перес остане на чело на клубот, Кралевите ќе можат да го ангажираат 27-годишниот стопер без да платат отштета, што би претставувало значително засилување за одбраната.

Во меѓувреме, шпанските медиуми наведуваат дека и Нико Пас би можел повторно да се пресели во Реал Мадрид. Младиот играч за врска моментално настапува за Комо, а во клубот од Мадрид го гледаат како дел од иднината на тимот.

Доколку двата трансфера се реализираат, Реал Мадрид би добил дополнителна стабилност во одбраната и уште една млада опција во средниот ред пред новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести