Аргентинци повторно го „видоа“ Марадона на небото (Фото)

Еден аргентински корисник на „Твитер“, објави фотографија од зајдисонце која ја сликал со мобилниот телефон и таа стана многу популарна и коментирана, а причината е што таму „се појавува“ ликот на Диего Армандо Марадона.

Иако Марадона почина пред нешто повеќе од еден месец, бројните негови фанови за кои тој беше како Бог, не можам да го преболат и често им се „појавува“ славната аргентинска 10-ка. Имаше еден случај со Диего на небото во дресот на Аргентина, а сега меѓу облаците „се појавува“ само неговиот лик и тоа од младоста.

„Извини, но уште можам да те видам“ – напиша твитерџијата обраќајќи му се на Марадона. Се разбира, освен лајковите, има и шеговити коментари на сметка на авторот, но тој е убеден дека го видел славниот Диего.

- Оглас -

Најнови вести