1246 Селтик – Ренџерс (13.00 часот)
Овој дуел на двата ривали од Глазгов може да биде клучен во битката за титулата, Селтик има шанса после киксот на Хартс вчера да дојде на бод негатива. Во претходните 41 години само овие два тима беа прваци на Шкотска, а дали Селтик ќе остане во трка со Хартс за шампионскиот пехар ќе се види попладнево. Келтите немаат друг избор освен три бода, секој друг исход ќе значи дека Хартс ќе биде многу блиску до својата прва титула по пауза од 66 години. Ренџерс нема реални шанси да стане првак, но сигурно нема да истрчаат немотивирани, ќе пробаат да му го загорчат животот на својот лут ривал. Ренџерс победи на „Селтик парк“ во јануари, домашните не смеат да си го дозволат тоа уште еднаш.
Предлог тип: ГГ & 3+ (1.77)
1103 Вест хем – Арсенал (17.30 часот)
Арсенал е прв и до титулата во Премиер лигата го делат само уште три меча од кои овој првиот е можеби и најтежок. Вест хем е пред испаѓање и мора да освои барем бод, а пожелно е три, за да има пореални шанси за опстанок. Арсенал е најопасен гостин во Премиер лигата, но победи на само две од последните пет гостувања додека Чеканите дома немаат пораз од 6-ти јануари. Традицијата е на страна на Арсенал, Топчиите дадоа вкупно 11 гола на последните две гостувања кај Вест хем, есеноска на „Емирејтс“ беше 2-0.
Предлог тип: Х2 & 3+ (2.01)
3009 Милан – Аталанта (20.45 часот)
Милан се бори за место во Лигата на шампионите, а има три порази во последните пет кола. Аталанта е седма, четири кола по ред нема победа и речиси без шанси е да игра во европските купови следната сезона. Аталанта е тим кој често игра нерешено на гости, има седум гостински ремија сезонава. Кај Милан ќе ги нема Модриќ и Томори. Есеноска во Бергамо беше 1-1, а Аталанта лани победи со 1-0 на последното гостување на „Сан Сиро“. Милан три години нема лигашка победа над Божицата.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.88)
1704 ПСЖ – Брест (21.00 часот)
Откако се пласираше во финалето на ЛШ, актуелниот француски и европски првак сега треба да ја осигура новата титула на домашна сцена. Победа вечерва над Брест, ќе значи недостижна предност од шест бодови пред Ленс на две кола до крајот, и нова титула. Тука Брест ништо не се прашува, за нив подобро ќе беше ако гостуваа со осигурана титула на Светците. Кај ПСЖ можеби има замор, но секако ќе најдат сили и мотиви да прослават титула и европско финале со своите навивачи.
Предлог тип: 1-1 & 2-4 (2.65)
1309 Барселона – Реал Мадрид (21.00 часот)
Каталонците се спремааат за победа над лутиот ривал, која ќе значи втора титула по ред во Ла Лига. Барса и со нерешено ќе биде првак, но ќе сакаат да ја израдуваат публиката со три бода иако нема да игра Јамал. Реал е во хаос, атмосферата во тимот е катастрофална и тешко дека ќе ја расипат забавата на „Камп ноу“. Кај Реал на голот веројатно се враќа Куртоа, можеби ќе игра и Мбапе, но ќе бидат на големи маки против Барса која дома има 17 победи на 17 меча и сака да испише историја со освоени 100 бодови и перфектен биланс на свој терен.
Предлог тип: ГГ и 4+ (1.87)

