Аргентинците имаа луда поддршка од нив, сега Владата ги кани Меси и соиграчите да им дојдат на гости со Златната божица (Видео)

Неверојатни сцени со огромна поддршка за Аргентина пристигнуваа од Бангладеш, земја која лудуваше на спектакуларен начин за успесите на Лионел Меси и неговите соиграчи и се радуваа како тие да станале светски прваци.

Сега има идеа што доаѓа од фудбалските вљубеници во Бангладеш, аргентинската репрезентација да им биде гостин и да го донесе пехарот од Катар.

Планот го претстави Министерот за надворешни работи Шахријар Алам.

„Народот на Бангладеш би бил пресреќен ако Аргентина ни биде гостин во блиска иднина. Сакаме да ги видиме светските прваци со пехарот. Дури и разбираме дека играчите имаат клупски обврски, па ако Меси и останатите фудбалери не можат да дојдат довволно ќе биде само да пристигне пехарот“ вели Алам.

Илјадници луѓе во земјата од Јужна Азија приредуваа улични спектакли по победите на Аргентина на Мундијалот во Катар.

Љубовта на луѓето од Бангладеш кон аргентинската репрезентација е уште од ерата на Диего Армандо Марадона и славната победа на Гаучосите против Англија со чуената „божја рака“ на Марадона на Мундијалот во 1986 година.

Бангладеш во минатото бил англиска колонија, па триумфот на Марадона и Аргентинците на СП во Мексико беше доживеан како национален успех.

 

- Оглас -

Најнови вести