ПСЖ и втора година по ред дојде до трофејот од Лигата на шампионите, а пресликување може да има и кај освојувачот на Златната топка. Усман Дембеле беше прогласен за најдобар фудбалер минатата сезона, а по финалето во Будимпешта, Французинот повторно е фаворит за најпрестижното индивидуално признание.
Шансите за Дембеле повторно да ја освои Златната топка се 23% и тој во моментов е прв фаворит. Веднаш потоа се неговите соиграчи од ПСЖ – Кварацхелија (19%) и Витиња (13%). На четвртата позиција е Деклан Рајс од Арсенал, а до десеттото место следуваат: Хари Кејн, Килијан Мбапе, Мајкл Олисе, Бруно Фернандеш, Кристијано Роналдо и Ламин Јамал.

