„Армејците“ со нова кошаркарска лекција за Барселона

ЦСКА Москва вторпат сезонава слави победа против Барселона во Евролигата, избраниците на Итудис триумфираа со конечни 84:76. „Армејците“ на тој начин ја запишаа 15-тата победа во контитенталното натпреварување, па полека влегуваат во победнички ритам по поразот од Макаби пред две кола.

Нијанси одлучуваа во „Палау Блауграна“,  неивесноста траеше до последните неколку минути, откако резултатот во неколку наврати се менуваше во корист на двете екипи. Сепак,  искуството на ЦСКА во решавачките моменти се покажа како клучно.

Нандо Де Коло блескаше за гостите со 25 поени и пет скока, Курбанов придонесе со 17 поени. Клавер беше најрасположен играч од таборот на Барселона со 17 поени, Серафан додаде 14 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести