Фудбалерите на Атлетик Билбао ја совладаа Осасуна со 1-0 на домашен терен. Избраниците на Ернесто Валверде остварија многу важна победа во борбата за пласман во европските натпреварувања следната сезона.
Домаќините до водство стигнаа во 16-тата минута, кога по ударот на Вилијамс, на одбиената топка налета Горка Гурусета и го совлада голманот Ерера.
Осасуна можеше да израмни на почетокот од второто полувреме, кога Алварез играше со рака во својот шеснаесетник, но Унаи Симон го одбрани ударот на Будимир од пенал.
До крајот на натпреварот резултатот не се промени, иако Хаурегисар беше исклучен во првата минута од судиското продолжение. Со тоа, Билбао остана на деветтата позиција со 41 бод, три помалку од Селта која ја држи последната „европска“ позиција. Осасуна е десетта со 39 бодови.
Мајорка на домашен терен одигра 1-1 против Валенсија. Тоа е важен бод за тимот на Столе Димитриевски во битката за оостанок.
По мирно прво полувреме, Мајорка поведе во 49-та минута кога Саму Коста погоди со глава по центаршут на Серхи Дардер.
Изгледаше дека домаќините ќе победат, но Умар Садик израмни во 67-та минута по асистенција на Гера, поставувајќи го конечниот резултат 1-1.
Валенсија со овој бод остана со предност од еден бод пред Мајорка и се наоѓа на 13-тото место со 36 бодови.

