Арсен Венгер: „Јамал е прв фаворит за освојување на Златната топка!“

Легендарниот фудбалски тренер Арсен Венгер го анализираше Ел Класико и победата на Барселона, но, пред сè, играта на Каталонците. Французинот е воодушевен од тоа што го покажува Барселона на теренот, а за Ламине Јамал вели дека тој е фаворит за освојување на Златната топка.

„Видовте ли што направи Барселона? Ова е убавината на фудбалот. Екипа која губи со 2-0, прави пресврт и постигнува три гола за 18 минути. Ова не беше само пресврт, ова беше порака за другите екипи и навивачите. Титулата е во рацете на Барселона. Седум поени пред Реал Мадрид не е бројчана, туку психолошка предност. Тие се појавија со желба да играат атрактивен фудбал, да постигнуваат голови, а играа навистина елегантно. Она што е најважно, ги натераа навивачите да го заборават поразот од Интер. Тоа е магијата на големите екипи. Ваква хемија во екипата е реткост во модерниот фудбал. Како поранешен тренер можам да ви кажам дека ваквии партии не се забораваат. Ако вака продолжат, може да гледаме нова каталонска ера во модерниот фудбал. А Ламине Јамал? Едноставно, според мое мислење, тој е прв кандидат за освојување на Златната топка“, вели Арсен Венгер.

- Оглас -

Најнови вести