Арсенал без капитенот во дербито против Сити

Пјер-Емерик Обамејанг, капитенот на Арсенал, веќе ги пропушти претходните два натпревари на Топчиите поради повреда на листот, а не стигна навреме да закрепне ниту за вечерашното гостување на Манчестер сити на „Емирати“ за четвртфиналниот дуел во Лига купот на Англија.

Габонскиот голгетер не му е на располагање на менаџерот Артета, кој пак вели дека наскоро ќе се знае повеќе околу повредата на Обамејанг, но е оптимистичен дека нема да паузира уште многу.

Во меѓувреме, Арсенал во катастрофална форма ќе ги дочека бранителите на трофејот во Купот, кои три години во низа се несовладливи во ова натпреварување. Дуелот е закажан за вечерва од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести