Арсенал минимално со 1:0 славеше на гостувањето во Бирмингем против Астон вила, со што Топчиите потврдија дека се сериозни кандидати во борбата за место кое води во Лигата на шампиони за следната сезона.
Букајо Сака беше стрелец на единствениот гол и тоа по точно половина час игра. Голот на Сака не само што беше доволен за три бода на Топчиите, туку беше и историски за клубот. Арсенал стигна до 2.000 погодоци во Премиер лигата, нешто што претходно им успеало само на Манчестер јунајтед и Ливерпул.
Арсенал сега има 54 бодови, што е пет повеќе од петопласираниот Манчестер јунајтед, а лондонскиот тим има и меч плус за играње. Топчиите последен пат во Лигата на шампиони играа во сезоната 2016/17, што значи дека веќе пет сезони ги нема меѓу најдобрите во Европа.