Арсенал договори „засилување“ кое целата кариера ја минало во трета норвешка лига

Младиот норвешки фудбалер кој е роден во Руанда, Џорџ Луис, во јуни ќе наполни 20 години, досега никогаш не настапувал за повисок ранг од третиот, а летово ќе направи неверојатно голем исчекор во кариерата, ќе биде член на трофејниот англиски премиерлигаш Арсенал. Луис има играно за норвешките третолигаши Тромсдален и Фрам Ларвик, кратко бил и во Испвич, па затоа неговиот трансфер во Арсенал звучи неверојатно.

Од Ларвик потврдија дека Луис од 1 јули ќе биде Топчија. Норвежанецот со африканско потекло не бил ниту во некоја од младинските селекции, но во март бил на двонеделна проба во Лондон, и од Арсенал биле задоволни од тоа што го виделе. Како за почеток, Луис ќе игра за тимот на Арсенал до 23 години и ќе се следи неговиот развој.

Луис најмногу сака да игра како десно крило, но може да игра и на левата крилна позиција. Скаутите велат дека е многу брз и има добар дриблинг, но дали тоа е доволно за Премиерлигата, ќе се види наскоро. Од Арсенал нема потврда дека потпишале со младиот Луис.

- Оглас -

Најнови вести