Арсенал гази на Купот на шампиони, Топчиите имаат нова ѕвезда (Видео)

Навивачите на Арсенал беа загрижени затоа што нивниот омилен клуб не купува нови играчи и не е многу активен на трансфер пазарот. Сепак, според тоа што Топчиите го поккажуваат на Интернационалниот Куп на шампиони, нема причина за загриженост.

По победата од 2:1 против Баерн Минхен, Арсенал ноќеска убедливо со 3:0 ја победи Фиорентина. На овоие два меча, во лондонскиот состав се наметнува една нова млада ѕвезда. Еди Нкетија влезе како резерва во 81 минута и го даде голот за победа против Баерн Минхен, па затоа против Фиорентина доби шанса да биде меѓу стартерите.

Нкетија тоа максимално го искористи. Во 15 минута погоди за 1:0, а потоа во вториот дел зголеми и на 2:0, покажувајќи дека има голем талент. Победата на Арсенал ја потврди уште еден тинејџер. Јосеп Вилок погоди за 3:0 во 89 минута.

https://youtu.be/ee8MxJ67vN4

- Оглас -

Најнови вести