Вардар ќе „билда“ гол-разлика против Шкупи, Пелистер нема друг избор освен победа, но и Македонија ЃП бара сламка за спас

Во Скопје и Битола денеска се играат двата меча од 28. коло на фудбалската Прва лига. Нема дилеми дека Вардар ќе го победи Шкупи. Некогаш ова беше скопско дерби, но чаирчани сезонава се не само најслаб тим во нашата лига, туку најслаб прволигаш во цела Европа, со само еден освоен бод од 27 средби.

Скопската пресметка се игра на тренинг центарот „Петер Милошевски крај ФФМ, а ова треба да е добра можност Вардар конечно да добие самодоверба во нападот. На девет од последните 10 меча што ги одигра, Вардар нема дадено повеќе од еден гол. Денеска, ако Вардар даде шест или повеќе голови, Шкупи ќе стигне до троцифрен број на примени голови.

Вардар моментално е втор на табелата со 65 бодови, два помалку од лидерот Шкендија. Тоа е само уште еден мотив повеќе скопските Црвено-црни да го решат денешниот ривал, за повторно да бидат лидери на табелата.

Многу поинтересно се очекува да биде во Битола, каде Пелистер е домаќин на Македонија ЃП. Битолчани имаат 26 бодови и се на деветото место кое води во плејаутот, додека гостите од Ѓорче Петров се 11-ти на табелата (директно испаѓање), но имаат само два помалку од Пелистер, што значи дека и тие имаат калкулации со евентуална победа, да се најдат во малку посигурна зона.

- Оглас -

Најнови вести