Екипата на Фенербахче пропушти голема шанса да се најде на првото место на табелата во турското првенство, откако одигра само 2:2 на свој терен против Ризеспор. Турскиот гигант на свој терен важеше за голем фаворит, но на крајот наместо три, освои само еден бод.
По првото полувреме немаше голови, а на стартото од вториот дел, гостите погодија за 0:1. Сепак, Фенербахче успеа да направи пресврт и со погодоците на Талиска од пенал во 80 минута и на Артукоглу во 86 минута стигнаа до водство од 2:1.
Ризеспор беше со играч помалку од 72 минута, но гостите не се предадоа и во 98 минута, буквално во последниот напад, по една уфрлена топка во шеснаесетникот, постигнаа гол. Главен виновник за овој погодок е голманот на Фенербахче, Едерсон кој лошо ја процени топката и згреши, па противникот даде гол за 2:2. Едерсон е голман кој заработува 10 милиони евра годишно, но сега едноставно му подари гол на Ризеспор и Фенербахче остана без два од пласнираните три бода.
Фенербахче сега има 67 бодови од 30 кола, додека Галатасарај ја задржа челната позиција со 68 бодови и еден меч помалку.
Yıllık 10 milyon euro para kazanıyosun Ederson.
Hiç utanman yok mu? şu yediğin gole bak.
yazıklar olsun sana pic.twitter.com/9e8C9lDWks
— 442Fener (@442fener) April 17, 2026

