Ќе го нервираат најголемиот ривал во Премиерлигата – Арсенал е заинтересиран за Оршиќ

Арсенал е заинтересиран за Мислав Оршиќ, играчот кој блескаше за Динамо Загреб и со хет-трик го елиминира вечниот ривал на Топчиите, Тотенхем, во осминафиналето на Европа Лигата.

Офанзивецот на популарните Модри има 28 години и може да игра и како крило и на позицијата офанзивен играч за врска, калибар на играч што е по вкус на Микел Артета и според англиските медиуми Арсенал ќе се обиде да го ангажира во летниот преоден рок.

Оршиќ игра за Динамо од 2018 година, откако претходно од Риека замина во Целје, па потоа се пресели во Азија, каде настапуваше за Јеонгам драгонс, Чангчун Јатаи и Улсан Хјундаи.

Интересно е што Арсенал и Тотенхем се јајголеми ривали во Англија и го играат дербито на Северен Лондон, па ако се оствари трансферот, Оршиќ повторно би имал шанса да игра против тимот што го нокаутира со 3 гола во Загреб.

 

- Оглас -

Најнови вести