-3.2 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

Арсенал го згази и Интер во Милано, Реал немаше милост против Монако, ПСЖ загуби

Арсенал со 3:1 го победи Интер на „Џузепе Меаца“ во дербито на седмото коло од Лига на шампиони. Повеќе од еден месец траеше паузата во елитната лига на УЕФА, но ништо се нема променето, Арсенал ги гази противниците. Топчиите сега имаат перфектни седум победи, а ако се знае дека во последното коло на свој терен играат против Каират, ќе биде чудо ако лигашката фаза не ја завршат без грешка.

Уште во првото полувреме Арсенал даде два гола и тоа преку Габриел Жезус, а погодокот за 2:1 може да го видите ТУКА. Во второто полувреме погоди и Ѓокереш во 84 минута кога стави крај околу дилемите за победникот.

Реал Мадрид се враќа во добра форма, откако убедливо со 6:1 славеше над Монако. Килијан Мбапе постигна два гола во првото полувреме, а гол-шоуто продолджи во второто полувреме кога погодуваа и Мастантуоно, Винисиус јуниор, Џуд Белингам, а еден погодок за Реал всушност беше автогол.

Актуелниот европски првак Пари Сен Жермен загуби на гости на Спортинг во Лисабон со 2:1. Сите три гола беа постигнати во последните 20-тина минути од мечот, а херој на Спортинг беше Колумбиецот Луис Суарес кој беше стрелец на двата погодоци.

Во останатите мечеви: Копенхаген – Наполи 1:1, Вилјареал – Ајакс 1:2, Тотенхем – Борусија Дортмунд 2:0, Олимпијакос – Баер Леверкузен 2:0, Каират – Бриж 1:4, Бодо/Глимт – Манчестер сити 3:1.

- Оглас -

Најнови вести