Пет натпревари од најквалитетните европски лиги се дел од понудата со Квотите на денот на Sport Life за сабота. По два натпревари се од Премиер лигата и Бундес лигата, додека еден меч е од италијанската Серија А. Вкупната квота на петте предлози е 44.7, а поединечно квотите се движат помеѓу 2.05 и 2.30.
Од екипата на Арсенал се очекува ефикасен фудбал на мечот против Брајтон. Квотата од 2.15 ќе биде добитна само ако „топчиите“ постигнат помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
На мечот во Бремен помеѓу Вердер и Борусија Дортмунд се очекува да има победник, а доколку се затресат и двете мрежи, тогаш понудената квота од 2.15 ќе биде добитна.
Квотата од 2.05 за натпреварот помеѓу Вест хем и Манчестер сити ќе биде добитна само ако во првото полувреме биде постигнат барем еден гол, но и најмалку два во второто полувреме.
Шампионот на Германија, Баер Леверкузен, се очекува да одигра ефикасно против Лајпциг и Елиф Елмас, па квотата од 2.05 ќе биде добитна само ако „фармацевтите“ постигнат барем еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот натпревар.
Голеада се очекува да мечот помеѓу Лацио и Милан во Серија А. Најголемата квота во денешната понуда од 2.30 ќе биде добитна само ако двете екипи постигнат барем по еден гол, но и ако голови има и во двете полувремиња.