Интер Мајами претрпе една од најшокантните порази по доаѓањето на големите ѕвезди во тимот и загуби со 3-4 од Орландо сити во натпревар од 11-тото коло на МЛС лигата, иако во еден момент од мечот имаше водство од дури три гола. Поразот ги спречи да се доближат на само бод од лидерот во Источната конференција, тимот Нешвил, додека Орландо остана на 13-тата позиција во истата конференција, со два бода од зоната за плејоф.
И двете големи ѕвезди од легендарниот дрим тим на Барселона од минатата деценија, Лионел Меси и Луис Суарес беа во стартниот состав, каде што настапи и поранешниот играч на Атлетико Мадрид, Родриго де Пол. Од нив, единствен кој не го одигра целиот натпревар беше Суарес, кој беше заменет во 71-та минута со Тадео Ајенде.
Сè започна идеално за домаќините, кои поведоа во четвртата минута. Теласко Сеговија зголеми на 2-0 во 25-тата минута. Потоа дојде и големиот момент за Лионел Меси, кој постигна прекрасен гол во 33-тата минута.
GOLAZO! That’s what the 10 does 🎯 pic.twitter.com/CXjZI71Txi
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) May 3, 2026
За гостите, пресвртот започна кон крајот на првото полувреме, кога во 39-тата минута Мартин Охеда намали на 2-1. Истиот фудбалер погоди уште еднаш во 68-мата минута и сериозно ги вознемири Меси и другарите.
Охеда во 78-мата минута комплетираше хет-трик, погодувајќи од пенал и најави целосен пресврт.
Во следните 15 минути немаше нов гол и натпреварот одеше кон драматично реми, но во судиското продолжение Интер Мајами прими и четврти гол. Во 93-тата минута, Тајрис Спајсер го комплетираше еден од највпечатливите пресврти во МЛС лигата за триумф на Орландо сити.

