4.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Арсенал и Јунајтед се подготвени да платат вистинско богатство за младата ѕвезда на Борусија Дортмунд

Еден од фудбалерите кои ќе биде во центарот на вниманието во јануарскиот, можеби и во јунскиот преоден рок, е десното крило на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми. Фудбалерот со нигериско потекло има 23 години, но веќе стандарно игра во Бундеслигата, но и во репрезентацијата на Германија, па веќе е цел на европските великани.

Манчестер јунајтед и Арсенал веќе имаат интерес за него, а Борусија Дортмунд ја постави цената на 85 милиони евра, иако неговата вредност во моментов е 60 милиони евра.

„Милионерите“ го купија од австрискиот Салцбург за 30 милиони евра пред три години. Оваа сезона има 21 настап за Борусија Дортмунд во сите конкуренции и пет гола.

 

- Оглас -

Најнови вести