Арсенал налето ќе купува фудбалер на Реал Мадрид

Арсенал до последното коло заедно со Ливерпул и Манчестер сити ќе води мртва трка за титулата во Премиер лигата, но управата на Топчиите уште сега се подготвува за летниот преоден рок и највисоко на листата на желби се наоѓа ѕвезда на Реал Мадрид.

Управата заедно со менаџерот Микел Артета го пикираа фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Дијас и подготвени се за него да платат 60 милиони фунти (околу 70 милиони евра).

 

Дијас сезонава досега одигра 33 натпревари за Реал Мадрид и постигна девет гола, а има и четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести