Хенрих Мхитарјан во следните 40 дена ќе биде надвор терените поради скшреница на стапалото. Ерменскиот репрезентативец се повреди во четврт-финалниот дуел против Тотенхем по судир со Лукас Мура, а отсуствуваше од составот на „топчиите“ и изминатиов викенд во победата над Барнли.
По првите медицински прегледи е утврдено дека повредата е посериозна од она што се очекуваше, па Мхитарјан ќе го преседи првиот месец од 2019 година. Повредата на Ерменецот е нов проблем за Емери, откако поради повреди надвор од редовите се Белерин, Холдинг, Мустафи и Монреал.
„Топчиите“ утре гостуваат кај Брајтон за „Боксинг деј“, дуел кој е предвиден за терминот од 18:15 часот.