Арсенал опасно се засилува, ја заврши работата со Жезус, блиску е до ангажман и на Рафиња

Арсенал и Манчестер сити имаат договор за трансфер на Габриел Жезус, кој ќе чини 45 милиони фунти и Бразилецот речиси сигурно ќе биде нов напаѓач на Топчиите од Лондон.

Сега според англиските медиуми останува да се договорат личните услови на играчот кој сигурно си заминува од редовите на англискиот првак и е на пат кон Лондон.

Арсенал најавува уште еден одличен трансфер, кој изгледаше невозможна мисија, но сега е реалност. Се работи за уште еден Бразилец, Рафиња од Лидс.

Иако првично беа одбиени, сега информациите се дека двата клуба се блиску до договор, а и Рафиња нема ништо против да го носи црвениот дрес на Арсенал.

https://twitter.com/MatteMoretto/status/1540429259495424002?s=20&t=bwUlvPuHS9lVuA4-UBoeqQ

Топчиите веќе купија одличен играч за врска во овој преоден рок, а во Лондон од Порто слета Португалецот Фабио Вјеира за 40 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести