Арсенал се „разбуди“ и купи играч за 72 милиони фунти

Навивачите на Арсенал пред неколку недели протестираа поради фактот дека нивниот омилен тим е пасивен во летниот преоден рок. Според најавите од англиските весници, Топчиите денеска го комплетирале трансферот на Николас Пепе од Лил.

Играчот за кој се интересираа повеќе европски екипи, ќе пристигне во лондонскиот тим за сума од 72 милиони фунти. Со овој договор, Арсенал ја доби битката со Наполи, кој исто така многу се интересираше за Пепе. Во наредните неколку дена се очекува Пепе да ги помине лекарските прегледи и да го облече дресот на Топчиите.

- Оглас -

Најнови вести