31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Арсенал вечерва не играше, а слави еден јубилеј со кој може да се пофалат само три клуба

Поразот на Брајтон на гости кај Фулам донесе еден убав јубилеј за Арсенал. По денешните четири одиграни меча во Премиер лигата, Топчиите ја задржаа челната позиција на табелата. За Арсенал ова е 1.000-ти меч-ден што завршува во англиското првенство, по кој лондонскиот гигант го завршува како првопласиран на табелата.

Низ повеќе од тридецениската историја на Премиер лигата, Арсенал е само четврти клуб со вакво постигнување, влегувајќи во друштво на Манчестер јунајтед, Челзи и Манчестер сити.

Во денешните мечеви кои се играа, Челзи загуби на гости кај Саутхемптон со 2:1, иако гостите имаа предност од 1:0. Лидс и Евертон одиграа 1:1, а со ист резултат заврши и мечот Кристал палас – Брентфорд. Фулам со 2:1 славеше над Брајтон во меч на кој повторно херој на домаќините е Александар Митровиќ.  

- Оглас -

Најнови вести