Нема сопирање за Митровиќ, пет меча, пет гола и победа на Фулам

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ нема милост кон ривалите во Англија, а тоа го потврди и вечерва. Голгетерот на Фулам постигна погодок за лондонскиот тим од 2:1 против Брајтон во меч од петтото коло. За Митровиќ ова е и петти погодок сезонава во првенството, а Фулам со осум бода е во горниот дел од табелата.

Брајтон, кој ги победи Манчестер јунајтед, Вест хем и Лидс, а ремизираше со Њукасл сега го претрпе првиот пораз, иако токму гостите имаа повеќе иницијатива на „Крејвен котиџ“.

Кристал палас и Брендфорд одиграа без победник 1:1 во меч на кој домаќините први се израдуваа. Заха даде одличен погодок во 59-тата минута, но Кристал палас не издржа да ја сочува предноста, па Брентфорд на две минути пред крајот израмни на 1:1 и освои бод од ова гостување.

- Оглас -

Најнови вести