Артета: Ќе играме како ѕверови со поддршката од трибините

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека неговите фудбалери се подготвени да играат како ѕверови во претстојниот реванш против Атлетико Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар пред една недела во Мадрид заврши 1-1, па сега Tопчиите ќе ја имаат предноста на поддршката од трибините.

„Ќе бидеме како ѕверови на теренот. Ќе уживаме во секој момент и ќе се обидеме да ја зграбиме нашата шанса. Едвај чекам натпреварот да започне. Ја чувствувам енергијата во тимот и меѓу навивачите. Ова е момент што сакаме да го доживееме заедно. Работевме напорно како тим и како клуб за повторно да бидеме во оваа позиција, 20 години подоцна. Подготвени сме да се пласираме во финалето“, изјави Артета, алудирајќи на единствениот настап на Арсенал во финале на ова натпреварување во 2006 година.

„Нашите навивачи ги очекуваат овие вечери. Тешко е да се објасни желбата да доживееме ваков момент заедно со нив. Да притиснеме, бидејќи нешто неверојатно ќе се случи“, додаде менаџерот на Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести