Артета: Не заслуживме да загубиме на „Вила парк“

Фудбалерите на Арсенал загубија со 0:1 на гостувањето кај Астон вила и пропуштија шанса да се вратат на лидерската позиција на табелата на која беа пред стартот на 16-то коло.

Арсенал сега е втор со 36 бода, еден помалку од новиот лидер Ливерпул, има еден бод повеќе од Астон вила, а менаџерот на Топчиите, Микел Артета смета дека не требале да загубат.

„Навистина добро игравме, мислам дека бевме подобри и не заслуживме да загубиме. Но, тоа е фудбалот“, изјави Артета.

- Оглас -

Најнови вести