Артета: Од победата над Кристал палас добивме сè

Убедливата победа на Арсенал над Кристал палас од 5:0 со која ја прекина серијата од четири меча без триумф, ја врати насмевката кај менаџерот на Топчиите, Микел Артета.

Топчиите им приредија фешта на своите навивачи на „Емирати“, Габриел, Леандро Тросар, Дин Хендерсон (автогол) и Габриел Мартинели ја тресеа мрежата на Кристал палас.

„Задоволен сум бидејќи добивме се од овој натпревар, одигравме добро, не примивме гол, а дадовме пет“, изјави Артета.

- Оглас -

Најнови вести