Баерн игра за себе, но и за цела Германија: Бундеслигата може да има дури шест тима во ЛШ

Баерн Минхен може на Германија да ѝ донесе дополнително петто место во Лигата на шампионите следната сезона, покрај гарантираните четири, но како прв услов ќе биде да се пласира во финалето на ЛШ и да го елиминира ПСЖ.

Во трката за петти тим води Англија и Премиер лигата сигурно ќе има пет претставника во европската елита, а може да бидат и шест ако Нотингам форест ја освои Лигата на Европа. Но, за второто дополнително место има мртва трка помеѓу Шпанија и Германија.

Шпанците водат во моментов, но во Европа им остана само уште Рајо Ваљекано, додека Германија ги има Баерн и Фрајбург. И Германија теоретски може да има шест тима во ЛШ ако Фрајбург ја освои Лигата на Европа. Ако и Баерн и Фрајбург влезат во финалиња, Германија сигурно ќе го преземе водството, дури и ако и Рајо се најде во финале на Конференциската лига.

Постои и лудо сценарио според кое ако во полуфинале испаднат и Баерн, и Фрајбург и Рајо, Германија сепак да добие петти тим во ЛШ само со 0,004 поени предност пред Шпанија. За такво нешто потребно е Баерн и Фрајбург да испаднат на пенали, а и Рајо да биде елиминиран.

- Оглас -

Најнови вести