11.8 C
Skopje
сабота, 6 декември 2025

Артета по поразот на Арсенал: Многу е болно, мислев дека ќе победиме!

Лидерот на премиерлигашката табела, Арсенал, попладнево го претрпе вториот пораз сезонава, беа совладани на гости од разиграната Астон Вила за која ова е петти триумф по ред.

Вила до победата дојде со гол во 95-та минута и токму начинот на кој Арсенал загуби, посебно го заболе менаџерот Микел Артета.

„Многу е болно да се загуби на ваков начин, особено после играта која ја покажавме на мечот. Беше отворен меч, честитки до Астон вила која е навистина добар тим. Имавме доминација во второто полувреме и имав чувство дека ќе победиме. Затоа поразот е болен. На 18 меча по ред бевме непоразени, но тоа е фудбалот, некогаш мора да загубите“, изјави Артета.

- Оглас -

Најнови вести