Артур пристигна во Торино, Јувентус добива големо засилување (Видео)

Бразилецот Артур Мело синоќа пристигна во Торино и денеска ќе треба да ги мине стандардните медицински прегледи, по кои ќе потпише договор со италијанскиот првак Јувентус.

Сега се очекува и Миралем Пјаниќ да замине за Барселона, како дел од трампата на двата клуба, во која Јувентус ќе треба да доплати 10 милиони евра.

Артур Мело е проценет на 70 милиони евра, Пјаниќ на трансфер пазарот чини 60 милиони евра, а и двајцата играчи и клубовите прифатија договор да ги заменат играчите од средниот ред.

Јувентус ќе добие многу помлад фудбалер, бидејќи Мело има 23 години и на него сериозно смета за во иднина како дел од планот тимот да се подмлади.

На Барса и треба искусен фудбалер од калибарот на Пјаниќ, кој има 30 години и многу одиграни натпревари на врвно ниво.

 

- Оглас -

Најнови вести