Асенсио и Васкес во стилот на Кејн и Сон му донесоа победа на Реал Мадрид

Реал Мадрид ја совлада Селта со 2-0, со голови на шпанските крила Марко Асенсио и Лукас Васкес. Најпрвин погоди Васкес (него прв гол со глава после повеќе од две години) по нафрлување на Асенсио, а потоа Лукас му додаде на Асенсио кој погоди за 2-0.

Лукас Васкес е фудбалер роден во покраината Галиција, од која доаѓа и Селта. Лукас е прв играч на Реал кој дал гол против Селта во лигашки меч, а во минатото играл за Депортиво Ла Коруња која е галициски ривал на Селта. Интересно е дека кога Васкес дава гол во сите натпреварувања, Реал никогаш не загубил (21 победа и 4 ремија).

- Оглас -

Најнови вести