Астон вила експресно ги реши дилемите за победа против Њукасл

Со головите на Конор Хурихен и на Анвар Ел-Гази во кус тек од 240 секунди Астон вила го победи Њукасл во последниот меч од 13-тото коло во Премиер лигата.

Њукасл одигра лошо при два прекини во 32-рата и во 36-тата минута, што го искористија Хурихен и Ел-Гази за голови со кои Вила успеа да ги освои бодовите.

Со четвртата победа Астон вила ја напушти опасната зона и сега има 14 бодови на 15-тото место, едно подолу од денешниот противник.

Њукасл ја прекина мини-серијата од две победи и има 15 бодови на 14-тата позиција.

- Оглас -

Најнови вести