Астон вила подготви строга казна за посрамотениот капитен

Капитенот на Астон вила, Џек Грилиш, изминатиов викенд се најде на удар на англиските медиуми откако учествувал во сообраќајна несреќа. Грилиш удрил паркиран автомобил, а клубот ќе го казни затоа што го напуштил домот и ги прекршил препораките да остане во самоизолација додека трае пандемијата со Коронавирусот.

„Сакам само да кажам дека ми е срам за моето однесување. Знам дека на сите им е тешко што мора да седат дома толку долго време. Јас тргнав да се видам со пријател, што е апсолутно глупава одлука во ваков период. Не би сакал никој од вас да ја повтори мојата грешка. Сите треба да ги почитуваме правилата и да останеме дома. Се надевам дека го прифаќате моето извинување“, истакна Грилиш, меѓутоа нема да помине без казна.

Клубот подготви строга санкција за својот капитен, воедно ќе биде и парично казнет, а средставата ќе се искористат како надомест за болницата во Бирмингам.

- Оглас -

Најнови вести