Аталанта даде два мајсторски голови во Лајпциг, ама едниот во погрешна мрежа (Видео)

Лајпциг и Аталанта одиграа интересни 1-1 во првото четвртфинале во Лигата на Европа, па реваншот во Италија ќе го одлучи патникот во следната фаза. Двата гола вечерва ги постигнаа гостински играчи.

Колумбиецот Муриел постигна убав гол за водство на Божицата од Бергамо.

Црвените бикови изедначија во 58-мата минута со ефектен автогол на Ѕапакоста, само по 22 секунди откако голманот Мусо му одбрани пенал на Андре Силва.

Победникот од двобојот Аталанта – Лајпциг во полуфиналето ќе игра со Брага или Ренџерс.

- Оглас -

Најнови вести