Аталанта го освои потребниот бод и ќе игра во европските купови следната сезона (Видео)

Фиорентина и Аталанта одиграа 1:1 во првиот меч од последното 38. коло во италијанската Серија А. Ова беше дуел на кој гостите имаа поголем мотив за игра, но Фиорентина прва постигна гол и тоа преку Пиколи во 39 минута.

Fiorentina 1-0 Atalanta – Roberto Piccoli 39′
by
u/Largvt in
soccer

Во вториот дел, Аталанта на која ѝ беше потребно да освои барем еден бод за да има сигурен пласман во Конференциската лига, се израдува и тоа на автогол. Се играше 82 минута кога гостите направи еден брз напад, топката беше уфрлена во петерецот на Фиорентина, а таму несмасно реагираше Комуцо кој си постигна автогол.

Со ова реми, Аталанта стигна до 59 бодови и сигурно сезоната ќе ја заврши на седмото место на табелата. Фиорентина има 42 бодови и е на 14 место, а најлошо може да заврши на 16-тото место, доколку Џенова и Калјари победат во последното коло.

- Оглас -

Најнови вести