Барди трагичар во финалето на Купот на Турција, промаши пенал па неговиот тим загуби (Видео)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди има за што да жали по завршување на финалето во Купот на Турција. Коњаспор каде Барди настапува, во мечот за трофеј загуби од Трабзонспор со 1:2, а трагичар на финалето беше токму Барди.

Трабзонспор на полувреме водеше со 1:0 со голот на Онуачу, но Коњаспор одлично го започна вториот дел. Барди продре и центрираше, а Мулека прво ја погоди стативата од голот на Трабзонспор, но од одбиената топка, од втора погоди за 1:1 во 50 минута.

Само пет минути подоцна, Коњаспор имаше шанса за целосен пресврт. Беше направен фаул во шеснаесетникот на Трабзон и беше досуден пенал за Коњаспор. Барди ја презема одговорноста да го изведе ударот од белата точка, но овојпат среќата му го сврте грбот на капитенот на македонската репрезентација.

Барди биеше силно, но топката удри во стативата и се врати во полето за игра, а резултатот остана 1:1. Трабзон го искористи овој подарок, па во 79 минута беше досуден пенал за нив, а Онуачу погоди за водство од 2:1. Веднаш по тој гол на Трабзон, Барди беше изваден од игра, а Коњаспор остана без трофејот.

- Оглас -

Најнови вести