Последното коло во Серија А ќе се одигра викедов, а челниците во италијанското првенство официјално ги објави наградите за најдобрите играчи во оваа сезона. За најдобар играч во сезоната, односно МВП признанието му припадна на Федерико Димарко од Интер.
Овој избор не е изненадување ако се знае дека Ди Марко имаше одлична сезона и го предводеше Интер до 21-та титула. Играчот за врска едноставно беше незадржлив и сезонава има шест гола и дури 18 асистенции. Ди Марко ја имаше клучната улога во кај тренерот Симоне Инзаги. Никој претходно во историјата на Серија А немал 18 асистенции во една сезона, надминувајќи го рекордот на Папу Гомес кој во сезоната 2019-20 заврши со 16 асистенции во дресот на Аталанта.
Најдобар напаѓач во сезоната е Леотаро Мартинез од Интер со 17 голови во 29 средби.

