Ленс го освои трофејот во Купот на Франција (Видео)

Екипата на Ленс е победник во Купот на Франција, откако со 3:1 славеше над Ница во финалето кое се играше на „Стад Д’Франс“ во Париз. Ленс имаше одлична сезона бидејќи тоа беше екипата која со самиот финиш беше во трка за титулата во првенството, но на крајот ПСЖ го задржа тронот. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике призна дека откако е дојден во ПСЖ, Ленс е ривалот кој им дал најголем отпор.

Ленс не успеа во првенството, но затоа вечерва се радуваше на трофејот во Купот. Уште во првото полувреме постигна два гола за сигурна предност, а во последните моменти од првиот дел, Ница постгина гол за 2:1 и тој може да го видите ТУКА.

Сепак, во вториот дел Ленс не дозволи да биде изненаден и со погодокот на Сима во 78 минута зголеми на 3:1 и ја потврди победата.

- Оглас -

Најнови вести