Аталанта и Лацио во битка за Купот на Италија

Аталанта – Лацио (20:45 часот)

Aталанта и Лацио првпат ќе се сретнат во оваа фаза од Купот на Италија. Битката за трофејот ќе се игра на „Олимпико“ во Рим, односно во „домот“ на Лацијалите. Екипата која ја предводи Симоне Инзаги во четири наврати низ историјата била освојувач на Купот, а последен пат го освоија во 2013 година против градскиот ривал Рома.

Аталанта само еднаш била шампион во Купот, и тоа во далечната 1963 година, додека последен настап во финалето паметат од 1996 година.

Ако се гледаат дуелите од изминатава сезона, Аталанта е поуспешна бидејќи оствари двојна победа против Лацио. На „Бергамо“ славеше со минимални 1-0, додека во Рим резултатот беше 3-1 во корист на фудбалерите на Гасперини.

Предлог тип: 1X 0-3 (2.10)

 

Лидс јунајтед – Дерби каунти (20:45 часот)

Лидс заврши голема работа во првиот дуел на „Прајд парк“. Со голот на Руф, изрбраниците на Марсело Бјелса славеа со минимални 1-0, па сега на домашен терен ќе треба да го одбранат тој резултат и да се пласираат во финалето од плејофот, каде што таму веќе чека Астон вила.

Тоа беше трет последователен триумф на Лидс над Дерби само во оваа сезона, па со оглед на тоа, се чини дека Френк Лампард уште е неискусен за да го надмудри „лудиот“ Аргентинец.

Предлог тип: 1X 2-4 (1.90) – квота на денот во Sport Life обложувалници

 

Акхисарспор – Галатасарај (19:45 часот)

Стартува „лудата“ недела на Галатасарај во која ќе треба да освои два трофеи во Турција. Едниот може да го осигурат уште вечерва, во финалето од Турскиот куп. Противник во финалето ќе му биде тимот на Акхисарспор, кои сезонава еднаш го изненадија турскиот првак. Галата на гостувањето во рамките од шестото коло на турската Суперлига загуби со 3-0, но потоа се реваншираше во Истанбул со минимални 1-0.

Екипата на Фатих Терим е голем фаворит во пресрет на финалето, но она што е сигурно е дека нема да недостасуваат голови.

Предлог тип: 2 & 3+ (2.25) – квота на денот во Sport Life обложувалници

 

ПСВ Ајндховен – Хераклес Алмело (19:30 часот)

Теоретски, ПСВ може да ја одбрани титулата ако денес победи најмалку си 15 гола разлика, а воедно Ајакс треба да загуби од Графшап. Но, тоа е речиси невозможно да се случи, Копјаниците ќе ја потврдат титулата, а ПСВ ќе треба да се задоволи со втората позиција.

Против Хераклес, ПСВ има одличен учинок во последните пет меѓусебни средби. Четири последователни победи и едно реми, така што вечерва на „Филипс арената“ ќе ја продолжат низата.

Предлог тип: 2-3I & 4+ (2.75) – квота на денот во Sport Life обложувалници

 

Графшап – Ајакс (19:30 часот)

Избраниците на Ерик тен Хаг по пет години чекање, конечно ќе ја дофатат титулата во Холандија. И со реми тие ќе бидат шампиони, без разлика на исходот од мечот ПСВ – Хераклес, но гледајќи ги како играат Копјаниците цела сезона, јасно е дека во голем стил ќе ја завршат сезоната.

Графшап веќе си ја знае судбината, ќе играат разигрувања за опстанок во елитата, така што вечерва нема да ги трошат силите.

Предлог тип:  2-2 4+ (1.75)

- Оглас -

Најнови вести